Трамп, објави на социјалните мрежи статистички податоци што го покажуваат процентот на имигрантски семејства во САД кои примаат социјална помош, класифицирани според земјата на потекло.
Во објавените податоци, Македонија изнесува околу 33%, што значи дека приближно едно од три имигрантски семејства од Македонија што живеат во САД добиваат социјална помош.
Овој процент ја става земјата на средината на листата, значително под многу земји од Африка, Блискиот Исток и некои региони на Латинска Америка, но над некои европски земји и развиени економии.
Објавувањето на овие податоци од страна на претседателот Трамп се смета за дел од неговиот цврст став за реформата на имиграцијата и социјалниот систем, нагласувајќи ја потребата од политики кои, според него, ги фаворизираат имигрантите кои придонесуваат економски и ја намалуваат зависноста од државна помош.
Пронајдете не на следниве мрежи:



