Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека САД ќе го окупираат Гренланд „на еден или друг начин“ бидејќи „ако ние не го сториме тоа, ќе го сторат тоа Русија или Кина“, пренесува, „Фокс њуз“.
Претседателот Трамп изјави дека САД треба да го преземат Гренланд, а не само да го „закупат“, тврдејќи дека на Гренланд му недостасува соодветна одбрана.
Во разговор со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ во неделата вечерта, Трамп беше прашан за Гренланд и дали САД ѝ дале понуда на Данска да ја преземе територијата.
„Не сум го направил тоа. Всушност, нивната одбрана се базира на две санки со кучиња. Знаете ли тоа? Знаете ли каква е нивната одбрана? Две санки со кучиња“, рече тој.
Американскиот лидер додаде дека САД треба да го земат Гренланд
„Ако не го земеме Гренланд, Русија или Кина ќе го земат. Нема да дозволиме тоа да се случи, тоа влијае на НАТО. Но, знаете, тие имаат потреба од нас повеќе отколку што ни требаат тие – ви го кажувам тоа сега“, рече тој.
Тој повтори дека има руски разорувачи и подморници насекаде, како и кинески.
Претседателот на САД додаде дека неговата администрација не зборува за краткорочен закуп на Гренланд, туку исклучиво за негово преземање како данска територија.



