Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро има намера да разговара по телефон со рускиот претседател Владимир Путин и очекува разговорот да биде добар.
Во интервју за „Политко“, тој исто така рече дека очекува да се сретне со Владимир Зеленски во текот на претстојниот викенд, иако не го прецизираше времето или местото на средбата.
„Зеленски ќе дојде кај мене“, рече Трамп.
Медиумите претходно објавија дека Трамп ќе го прими Зеленски во неговата резиденција во Флорида на 28 декември. Според Трамп, сите предлози од Зеленски во врска со решавањето на украинската криза немаат значење без негово одобрение.



