Тарифите за кинеската стока увезена во САД ќе изнесуваат дури 125 отсто, објави американскиот претседател Доналд Трамп, а пренесува Би-би-си.„Во одреден момент, се надевам дека во блиска иднина, Кина ќе сфати дека деновите на киднапирање на САД и другите земји повеќе не се одржливи или прифатливи“, напиша американскиот претседател на платформата за социјалните медиуми Truth Social.Тој најави и дека некои нови царини ќе бидат суспендирани на 90 дена.Трамп овие одлуки ги соопшти со објава на социјалната мрежа.
Пронајдете не на следниве мрежи: