Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со провокациите на социјалните мрежи и објави нова фотографија на која е прикажан во друштво на Исус Христос.
Трамп сподели фотографија од себе како стои до Исус, кој го прегрнува. Во позадина се појавува американско знаме, кое се раствора во силна светлина.
„На лудите од радикалната левица можеби нема да им се допадне, но мислам дека е прилично убаво“, рече Трамп.
Патем, оваа објава првично беше објавена од страницата „Иријците за Трамп“.
„Не е ни чудо што, со сите овие сатански чудовишта што убиваат деца, Бог би ја играл картата на Трамп“, рекоа тие.
Трамп претходно објави фотографија на која се прикажува себеси како Исус, а откако доби бројни критики, ја избриша фотографијата, а потоа понуди бизарно објаснување.
„Го објавив. Мислев дека сум јас како доктор. Требаше да бидам јас како доктор, да ги направам луѓето поздрави“, рече Трамп, негирајќи ги тврдењата дека требало да биде прикажан како Исус.
The post Трамп повторно провоцира, објави фотографија од себе како Исус го прегрнува: „Мислам дека е прекрасно“ (фото) appeared first on Во Центар.



