четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп подготвен за нови санкции, ама кога НАТО ќе престане да купува руска нафта

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе „големи“ санкции врз руската нафта доколку земјите од НАТО го сторат истото.

Трамп, еден ден откако изјави дека го губи трпението со рускиот претседател Владимир Путин поради војната во Украина, изјави дека е „подготвен да воведе големи санкции врз Русија кога сите земји од НАТО ќе се согласат и ќе почнат да го прават истото и кога сите земји од НАТО ќе престанат да купуваат нафта од Русија“, напиша Трамп во објава на Трут сошал.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Многу европски земји намалија или престанаа да купуваат руска нафта, но неколку сојузници на НАТО – вклучувајќи ја и Унгарија – ги блокираа построгите предлози на Европската Унија насочени кон енергетскиот сектор на Русија.

Поврзани вести