Трамп: Постои голема омраза меѓу Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мировните преговори меѓу Украина и Русија се во тек и напредуваат „нормално“, но дека постои голема „омраза“ меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски.

„Постои огромна омраза меѓу овие двајца лидери, Путин и Зеленски. Разговараме. Сè оди добро. Војната мора да престане“, им рече Трамп на новинарите во неговиот имот Мар а Лаго во Флорида, според Јутјуб каналот на Белата куќа.

На прашањето од новинарите дали ќе инсистира на Божиќ како краен рок за мировен договор, Трамп рече дека се надева дека конфликтот ќе заврши.

„Веќе не трошиме пари за оваа војна. Бајден даде 350 милијарди долари и којзнае што се случи со тоа. Сега продаваме ракети, авиони и најдобра воена опрема на НАТО. Затоа, не фрламе пари како што правевме во времето на Бајден. Тој беше будала и она што ѝ го направи на земјата е ужасно“, истакна американскиот лидер.

Пронајдете не на следниве мрежи: