Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, која минатата година ја доби Нобеловата награда за мир, ќе има тешкотии да ја преземе земјата, додавајќи дека сегашната венецуелска потпретседателка Делси Родригез е подготвена да соработува со САД.
„Мислам дека би било многу тешко за неа (Мачадо) да биде лидер. Таа нема поддршка или почит во земјата. Таа е многу фина жена, но нема почит“, рече Трамп. Зборувајќи за водењето на Венецуела, Трамп рече дека САД „нема да чинат ништо“ затоа што „од земјата излегуваат многу пари“, осврнувајќи се на нафтата, објави NBC News.
„Мислам дека следната година ќе биде одлична година и народот на Венецуела ќе има најголема корист“, додаде американскиот претседател.
Трамп, исто така, потврди дека венецуелската потпретседателка Делси Родригез положила заклетва како претседател на земјата. „Претпоставувам дека таа е претседателката. Таа долго разговараше со Марко (Рубио) и рече дека ќе направи сè што е потребно. Немаше избор“, рече Трамп.



