Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, за време на неговата посета на Пекинг, изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг се согласил да нарача 200 авиони „Боинг“.
Трамп го опиша овој потег како „лична обврска на кинескиот лидер“.
„Едно нешто за кое се согласи денес е дека ќе нарача 200 авиони“, рече Трамп за време на интервјуто со Шон Ханити од „Фокс њуз“.
Тој, исто така, изнесе детали за самата нарачка, нагласувајќи дека се нарачани 200 големи авиони „Боинг“, кои, како што рече, ќе создадат нови работни места.
„Тоа се многу работни места“, рече Трамп.
Според него, Боинг првично очекувал помала нарачка.
„Боинг сакаше 150, доби 200“, рече Трамп.
Американскиот претседател, исто така, рече дека верува оти потегот на Си претставува цврста заложба за продолжување на купувањето на авионите, што дополнително би ја зајакнало соработката меѓу американската компанија и кинескиот пазар.
The post Трамп рече дека кинескиот претседател нарачал 200 авиони „Боинг“: „Тоа се многу работни места“ appeared first on Во Центар.



