Трамп: „Само сакам да го запрам убивањето“, украинската војна е војна на Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот украински колега Володимир Зеленски да не ја напаѓа Москва. Американскиот претседател повтори дека ако Русија и Украина не можат да постигнат договор во рок од 50 дена, „ќе биде многу лошо“.

Трамп додаде дека во сегашната ситуација тој не е ниту на страната на Украина ниту на страната на Русија. „Само сакам да го сопрам убивањето“, им рече тој на новинарите.

Според него, тој не планира да испорача ракети JASSM, кои имаат дострел до 800 километри, на Украина. Американскиот претседател не даде јасен одговор кога новинарите го прашаа дали очекува билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин за детално да се разговара за украинската криза. „Ќе видиме како ќе одат работите со претседателот Путин. Многу сум разочаран од претседателот Путин во моментов. Завршив многу војни во последните три месеци. Но, сè уште не успеав да ја завршам оваа“, рече американскиот лидер на Јужниот тревник на Белата куќа. „Тоа е војната на Бајден“, рече Трамп, осврнувајќи се на конфликтот во Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: