Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку сакаат, можат да ја преземат целата иранска нафта, па дури и контролата врз целата земја.
„Иран сега многу малку од тоа може да преземе. Ако сакаме, би можеле да ја земеме целата нивна нафта – па дури и целата земја! Целата нивна нафта може да биде наша“, им рече Трамп на новинарите.
Одговарајќи на прашање за можноста за долготраен конфликт на Блискиот Исток, американскиот претседател оцени дека ситуацијата е во ќорсокак. Тој исто така тврди дека Ормуската теснина е под целосна контрола на САД.
Трамп претходно зборуваше за можноста САД да ја задржат контролата врз иранската нафта, додека Вашингтон продолжува да тврди за својата предност во конфликтот со Техеран.



