Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалното левичарско ѓубре

Американскиот претседател Доналд Трамп денес им посака на граѓаните на Соединетите Американски Држави Среќен Божиќ, наведувајќи ги достигнувањата од почетокот на неговиот втор претседателски мандат, вклучувајќи воведување царини и „без инфлација“.

„Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалното левичарско ѓубре кој прави сè што може за да ја уништи нашата земја, но не успева. Веќе немаме отворени граници, мажи во женските спортови, трансродовост достапна за сите, ниту слабо спроведување на законот“, рече Трамп.

Тој додаде дека она што го имаат САД е „рекордна берза“ и зголемување на просечниот биланс на пензиските сметки спонзорирани од работодавачите, „најниска стапка на криминал во последниве децении“ и „без инфлација“, и дека вчерашниот бруто домашен производ (БДП) беше 4,3 проценти, „два проценти повисок од очекуваното“.

„Царините ни донесоа трилиони долари раст и просперитет и најсилната национална безбедност што некогаш сме ја имале. Повторно сме почитувани, можеби како никогаш досега. Бог да ја благослови Америка“, рече Трамп.

Пронајдете не на следниве мрежи: