Податоците за вработеноста во САД се „манипулирани за политички цели“, изјави претседателот Доналд Трамп, незадоволен од податоците објавени претходно денес и повикувајќи на „итно“ отпуштање на функционер од статистичката агенција.
Тукушто дознав дека „податоците за вработување“ на нашата земја ги собира лице назначено од Џо Бајден, д-р Ерика МекЕндерфер, кое ги фалсификувало податоците за вработување пред изборите за да ги зголеми шансите на Камала за победа“ (Харис, неговиот демократски противник на последните претседателски избори, ур.), напиша американскиот шеф на државата на својата мрежа Трут Сошал, неколку часа по официјалното објавување на податоците, според кое пазарот на трудот значително ослабнал во последните месеци во Соединетите Американски Држави.



