Трамп ќе испрати 1.500 војници на Блискиот Исток

Вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Блискиот Исток ќе испрати 1.500 војници, главно како мерка за претпазливост поради напнатоста со Иран.
– Сакаме да имаме некаква заштита на Блискиот Исток. Имаме намера да испратиме релативно мал број војници, главно со цел за заштита, изјави Трамп пред да отпатува во Јапонија. Контингентот има за цел да ја засили одбрамбената способност на американските сили во региониот , а меѓу нив има и инженери, информираат американските медиуми.
Како можен одговор на нападот на Иран на почетокот на месецов во овој регион САД распоредија неколку носачи на авиони, како и бомбардери и ракетни проектили “Патриот“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.