Трансформација вредна 78.000 евра за да изгледа како Барби и Памела Андерсон

Фризерката која е опседната со куклата Барби изгуби дури 89 килограми и подлегна на операции вредни 78.000 евра за да изгледа како својата омилена кукла.
49 годишната Натали Кинг од Корнвол имала 165 килограми поради што најчесто била уморна и ѝ било тешко да се качува по скали, пренесува Дејли Меил.
Одлучила да ја намали тежината и сосема да го промени изгледот. Изгубила пола од својата тежина, ги зголемила градите, вградила филери во усните и образите и станала русокоса.


Вели дека примери ѝ биле куклите Барби и Памела Андерсон. Поради овие трансформации започнала повремено да работи како модел.


“Многу луѓе на улица ми велат дека изгледам како Памела Андерсон, особено ако носам црна облека. Претходно го мразев својот изглед и одбегнував да излегувам од дома, а денес уживам во своето тело”, рекла таа.

Таа истакнува дека е среќна за промените кои ги направила и смета дека секој кој не се чувствува добро во своја кожа треба да го направи истото.
“Не дозволувајте луѓето да Ви зборуваат. Доколку операцијата е она што го сакате, не слушајте никој, тоа е Ваша одлука. Ако поради нешто се чувствувате подобро, направете го”, порача таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.