Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта на Северна Македонија, Коце Трајановски, објави фотографии од сегмент од работите на автопатот Кичево-Охрид.
Според објавата на Трајановски, за овој автопат се планирани полуотворени бетонски заштитни конструкции, познати како галерии, низ кои ќе поминува патот. Овие галерии имаат за цел да ја зголемат безбедноста во сообраќајот, особено во областите кои се изложени на ризик од свлечишта и одрони.Работите на автопатот Кичево-Охрид продолжуваат според планот, додека надлежните нагласуваат дека овој инфраструктурен проект е од особено значење за регионалната поврзаност и економскиот развој на подрачјето.Инаку, автопатот Кичево-Охрид е во тек веќе 10 години и сè уште не е целосно завршен.
The post Трајановски: На релацијата Кичево-Охрид ќе патуваме низ галерии appeared first on Во Центар.



