ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ ГО ПРИВАТИЗИРА СОВЕТОТ? Советничка се онесвести на седница на Град Скопје – пренесена во БОЛНИЦА!

Трајко Славевски денес спречи право на процедурално обраќање на член на Советот, а згора на се да повика и обезбедување откако самиот го прекршува Деловникот во Советот на Град Скопје, што потоа резултираше со еден немил настан.

Не дека досега Славевски го биеше некој добар глас како претседавач со Советот на Град Скопје, но од денеска официјално можеме да кажеме дека ова што се случи на продолжението на 34. седница на Советот, Славевски го допре дното.

ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ ГО ПРИВАТИЗИРА СОВЕТОТ? Советничка се онесвести на седница на Град Скопје – пренесена во БОЛНИЦА!

Изгаснати камери и прекинат пренос во живо, дури и самиот тој се срамеше од она што следуваше, но за цела среќа постои снимка од настаните која е направена од телефонот на советничката Ирена Витина.

Постапките на Славевски и тортурата која ја врши врз своите неистомисленици денеска предизвика една советничка да заврши во болница!

Спротивно на Деловникот, Трајко Славевски, на минатата седница одлучи да го одложи гласањето за десеттата точка од Дневниот ред, а тоа е кредитно задолжување за набавка на нови еко-автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Советничката Ирена Витина, на денешната седница која е продолжение на 34. седница, бараше процедурално обраќање, со цел укажување на претседавачот на советот дека нема право да го одложи гласањето по сопствена процена, бидејќи самиот сметал дека нема услови за гласање на точката.

Славевски одбиваше, неколку пати по ред да ѝ даде збор, односно процедурално обраќање на Витина, која по секоја точка стоејќи бараше процедурално обраќање.

Треба да напоменеме дека согласно Деловникот за работа на Советот на Градот Скопје, претседавачот, како што предвидува членот 71, веднаш ќе му даде збор на членот на Советот кој сака да земе збор во врска со повреда или неправилна примена на одредбите на деловникот (процедурално прашање)или на утврдениот дневен ред.

Славевски овој член денеска го прекрши повеќе пати. Откако претседавачот се постави над Деловникот, советничката Витина сама излезе на говорницата за да побара процедурално обраќање, по што преносот веднаш беше прекинат, но еве што се случуваше потоа.

Додека Витина објаснуваше дека Славевски е должен да ѝ даде збор, па доколку не зборува за процедурата тој има право да ја прекине во обраќањето, претседавачот ги повика службите во Градот Скопје и обезбедувањето, внимавајте, ДА ЈА ОТСТРАНАТ СОВЕТНИЧКАТА која му укажува на прекршување на одредбите од Деловникот!

Вреди да се спомене дека само советницитне Левица реагираа на ваквите случувања, а Славевски во еден момент дури бара да се повика и полиција, само да не дозволи процедурално обраќање на Витина.

По ова советничката се враќа на своето место во салата, но, како што кажа во краткиот разговор за Инфомакс, почувствувала страшна вртоглавица, по што не се сеќава што се случувало бидејќи изгубила свест.

Советничката е пренесена во ГОБ 8 Септември каде ѝ е укажана соодветна лекарска помош, а од краткиот разговор со неа забележав дека таа се уште е видно потресена поради тортурата на Славевски.

Дополнително, треба да се постави и прашањето дали ќе реагира Инспекторатот за локална самоуправа, организациите за заштита на правата на жените, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, поединци, барем некој кој како човек чувствува одговорнст да реагира затоа што поради деспотскиот однос на еден човек се загрозува здравјето на друг човек?!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.