Трендафилов бара акција од надлежните откако Дафина Стојаноска објави видео од неговите малолетни деца

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов бара одземање на пратеничкиот мандат на Дафина Стојаноска откако таа вчера на Фејсбук објави видео од Трендафилов со неговите малолетни деца.                                 Трендафилов побара од власта и од Обвинителството да постапат по овој случај.                                                                          – Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни рабити и Обвинителството да преземат мерки против пратњничката Стојаноска. Нормална влада во нормална држава за ваква работа паѓа. Го повокувам претседателот на Собранието да поведе постапка за одземање на имунитетот на пратеничката затоа шро ќе се крие зад него во следните денови, изјави денеска Трендафилов.                                                             Посочи дека снимање на малолетни деца е злоупотреба и дека за ова ќе ги информира сите меѓународни институции во земјава. Стојановска вчера објави видео во обид да го дискредитира синдикалниот лидер прикажувајќи како со службено возило ги превезува своите деца.                                          Видеото уследи по блокадата што вчера ја организираше ССМ барајќи минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра.                                 Владата засега е глува ма барањата на синдикатот со образложение да се договират синдикатоте и работодавачите притоа забиравајќи дека согласно МОТ договорот треба да биде трипартитен.                           На 28 јануари ССМ организираше голем протест, а за утре најавена е блокада на Стопанската комора, сојузот на стопански комори и бизнис конфедерацијата. По блокадата на Владата следниот вторник, ССМ најавува уште еден голем протест и генерален штрајк.                                                 

Пронајдете не на следниве мрежи: