Трендафилов до Влада: Дојдете во понеделник да потпишеме зголемување на плати од февруари

Првиот синдикалец Слободан Трендафилов денеска со отворена покана до Владата во понедленик да се потпише колективниот договор и да се зголемат платите на работниците веќе од февруари за 40 проценти.
Трендафилов денеска на прес-конференција, на која изнесе детали за притисоците што се правени врз работниците за да не излезат на протестот што се одржа во средата, најави блокади во Скопје доколку не се зголемат платите.
– Го повикуваме преку вас медиумите да дојде и да ја зголеми платата врз манипулациите кои ги изнесуваат дека ССМ одбил да се зголеми, а патем ССМ од улица им кажува дека не ги зголемуваат платите, изјави Трендафилов.
Блокадите првично ќе почнат од влезовите и излезите на Скопје, а останува и одлуката за генерален штрајк.

Пронајдете не на следниве мрежи: