понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Трендафилов: ССМ не се откажува од зголемување на минималната плата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Не се откажуваме од нашето барање за зголемување на минималната плата за 6.000 денари и сите плати, со субвенционирани придонеси, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов при денешната посета на Прилеп, каде Синдикатот им даде поддршка на работниците на „Терминал“ кои денеска протестираа.Доколку не се исполнат барањата на ССМ, патот е решение каде ќе го изразиме нашето незадоволство, но следниот пат ќе ги повикаме работниците со нас, смета Трендафилов, кој ја повика Владата да седне на маса и да разговара„Не отстапуваме од барањето за зголемување на платите на работниците и ако не послушаат, денеска ги повикувам да не повикаат на маса, да седнеме и да разговараме за прашањата што ги засегаат работниците, а ако не, ќе ве видиме на улица“, рече Трендафилов.За Трендафилов тоа што го предложи ССМ е рака за работодавачите кои сакаат да задржат квалификувани работници во Македонија, но и за Владата.Според лидерот на ССМ, Владата се ослободува од одговорност иако е најголемиот работодавач со 128.000 работници. 

Поврзани вести