ТРЕНЕРОТ МЕ СИЛУВАШЕ НА 12 ГОДИНИ: Потресна исповед на познатата тенисерка за пеколот низ кој поминала

Поранешната тенисерка Селима Сфар го обвини својот поранешен тренер Режис де Камар дека ја силувал и сексуално ја злоставувал уште од 12-годишна возраст.
ТРЕНЕРОТ МЕ СИЛУВАШЕ НА 12 ГОДИНИ: Потресна исповед на познатата тенисерка за пеколот низ кој поминала.

Таа за прв пат јавно проговори за сексуалното злоставување во интервју за францускиот спортски дневен весник „Л’Екип“.

Сфар денес има 46 години, професионалната кариера ја заврши во 2008 година, а злосторствата за кои го обвини нејзиниот поранешен тренер наводно се случиле на почетокот на кариерата.

-Кога имав 12 и пол години бев малтретирана од Режис де Камаре и тоа траеше речиси три години – изјави таа за „Л’Екип“.

Сфар откри дека се започнало кога полетала за Бордо, а тренерот ја земал од аеродром и ја однел во својата куќа.

  • На половина пат, беше едно по полноќ, застана покрај патот и почна да ме допира и да ми прави секакви работи. Тогаш не ни знаев што се случува, ништо не ми беше јасно. Пред 35 години времињата беа поинакви. 12 години тогаш не беа исто како 12 години сега. Знаев само дека сум со еден од најдобрите тренери во светот, „богот“ на тенисот во Франција. Доцна стигнавме до него. Горе беше спалната соба на неговата ќерка, јас спиев на софата долу. Отидов да спијам и час или два подоцна се разбудив кога ме допира. Многу брзо премина од допирање до силување. Бев парализирана, не можев да се движам – продолжи потресната исповед на поранешната тенисерка.

Поминаа години, а беспомошната тенисерка немаше друг избор освен да ја напушти земјата, што и го направи.

  • Кога имав 16-17 години не можев повеќе да издржам. Почувствував страшен гнев и тага. Не сакав повеќе да тренирам со него, не можев, па решив да одам во Лондон без тренер. Тоа беше радикална одлука – изјавила Тунижанката.

Таа тренираше сама по шест часа на ден за да ја постигне својата цел да се пробие во првите 100 на ВТА рангирањето во 2001 година. За цело време, сепак, таа не можеше да ги избрише кошмарните спомени од нејзиниот ум.

  • Ми требаа 25 години да си признаам и 35 години јавно да проговорам за тоа. Немаш поим колку болка чувствував секогаш кога го слушав тоа, колку ми беше срам. За време на судењето се сетив на пеколот што го преживеав и на црните мисли кои ми паднаа на памет – опиша таа, а потоа продолжи:
  • Секој пат кога бев на чекор од голема победа, ќе се заледев. Најлошото нешто во сите овие години е елиминацијата на вината и срамот. Дури и во моето семејство, некои ме прашуваа зошто не реков не. Тоа е најлошото нешто што сум го слушнала – заклучила Селима.

Сфар ја заврши кариерата во 2008 година. Шест години подоцна, нејзиниот поранешен тренер Режис де Камаре беше осуден на 10 години затвор за силување на две малолетници во кампот за обука во Сент Тропе кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите, што значи дека треба да биде ослободен следната година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.