Тренер на словенечки тим му удри шлаканица на поранешен играч на Вардар

Скандал се случи во Словенија. Имено, Домжале беше поразен од Радомље со 1:0 во рамките од најсилната лига на Словенија, а по мечот скандалозно однесување на тренерот на домашната екипа Оливер Богатинов. Имено, тој на поминување му удри шлаканица на Сенајид Ибричиќ, кој е поранешен играч на Вардар.

Ибричиќ е поранешен играч и на Домжале, а во моментов во овој клуб ја извршува функцијата спортски директор на клубот. Тој е поранешен репрезентативец на Босна И Херцеговина, а при овој скандал остана смирен и воопшто не реагираше.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.