Трет пат запалено возило на ист сопственик во Штип

На 04.05.2020 во 05.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сутјеска“ настанал пожар на патничко возило „БМВ“, сопственост на З.Ч.(34) од Штип, од кој било зафатено и патничко возило „шкода фабија“, сопственост на правно лице од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Штип, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Oва е трето запалено возило кое е во сопственост на З.Ч. Првото возило му е запалено лани во октомври, додека второто е запалено во март годинава. Првите две беа опожарени на ист начин, со поставување на молотов коктел во задниот дел, до местото за полнење на гориво. И овој пат,неофицијално, се работи за пресметка на криминални групи, кои се занимаваат со продажба на дрога. Во меѓусебното „војување“ до сега се опожарени повеќе од 10 возила. Полицијата до сега расветлила само еден случај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.