Трикови поради кои Меган Маркл секогаш изгледа одлично на фотографиите

Токму затоа, за да изгледа подобро, Меган ги користи следниве трикови, кои ја прават пофотогенична и поелегантна.
Наместо тешка шминка, избира здрав сјај
Како што можевме да забележиме и на нејзината венчавка, Меган не е жена која обожува тешка шминка. Нејзиниот омилен изглед е многу едноставен, а клучни за него се суптилниот хајлајтер и хидратантна течна подлога, која на фотографиите изгледа одлично и ја прави помлада и посвежа.
Секогаш има средена фризура


Иако залижани и строги пунџи не ѝ се омилени, тоа не значи дека нејзината коса не може да изгледа средено. Меган секогаш внимава на тоа косата да ѝ биде негувана и сѐ да е на свое место, дури и ако се работи за несредена пунџа или пуштени делови од косата.
Носи облека која визуелно ја издолжува
Без разлика дали станува збор за панталони со висок струк или за фустани, Меган секогаш внимателно избира облека која ја истакнува нејзината фигура и визуелно ги издолжува нејзините нозе.
Секогаш седи во иста позиција


За да изгледа одлично и на спонтаните фотографии, Меган, во текот на седењето ги прекрстува само глуждовите, со цел нејзините нозе да изгледаат што попрефинето, а рацете ги држи прекрстени во своето крило.
Искрено се смее


Нема поубава насмевка од искрената. Меган е многу свесна за тоа, па затоа секогаш можеме да ја видиме како својата прекрасна насмевка ја развлекува од уво до уво, особено кога разговара со обожавателите или со некоја важна личност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.