Трик со кој ќе ја исчистите рерната подобро отколку со сода бикарбона и оцет

Што и да користите за чистење на рерната, веруваме дека ќе сакате да го испробате и овој метод за кој многумина тврдат дека е поефикасен и од сода бикарбона и оцет. Со овој трик веднаш ќе ги отстраните мрснотиите и нечистотијата од вратата на рерната, од стаклениот дел и од металната рамка на вратата.
Трик со кој ќе ја исчистите рерната подобро отколку со сода бикарбона и оцет
Сè што ви треба за овој трик е таблета за миење садови (или две) и сад со топла вода. Користете само таблети во прав, а не гел таблети.
Потопете ја таблетата во водата и држете ја доволно долго за да апсорбира малку вода, но не премногу долго за да не почне да се распаѓа. Потоа едноставно тријте ја од рерната, а сунѓер не ви е потребен. Правете кружни движења за да ги отстраните дамките и мрснотиите.
Ако таблетата почне да се суши, натопете ја повторно. Кога ќе завршите, избришете ги остатоците од таблетата и нечистотијата со влажна крпа.
Таблетите за миење садови ги отстрануваат дури и најтврдокорните дамки и ги оставаат садовите сјајни. Овие моќни состојки дејствуваат и на дамките од мрснотии и печена храна што остануваат во рерната. Покрај тоа, таблетите имаат абразивна површина што ги чисти и најтврдокорните дамки, но се доволно нежни за да не го изгребат стаклото на вратата на рерната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.