Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски одговори на СДСМ, од каде му поднесоа интерпелација во Собранието.
„Љупчо Николовски се јави,навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене! Нејсе, да му одговорам. Политички непостоиш, а партија во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно! Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС. Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер! Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер“, напиша Трипуновски на Фејсбук.



