Бугарите влегоа во неформална политичка кампања и веднаш се фатија за тоа кој е поголем македономрзец или кој знае повеќе каде тоа лежи зајакот за Македонија.
КАракчанов го нема, сеуште , ама тука е лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов, кој се закани дека ќе ја гледате ЕУ „низ крива макарона“ што би дошло во превод на куково лето.. Тој го искористи случајот со човекот што го скрши стаклото на бугарската амбасада во Скопјe за да прати закана- порака до Македонија, се разбира наменатза неговите поддржувачи и за бугарска публика, по дома и понадвор.
„Не знам дали знаете, но некое лице во Северна Македонија се приближило до влезната стаклена врата на бугарската дипломатска мисија во Скопјe, го скршило стаклото и си заминало. Тоа било снимено на безбедносни камери. Можеби ќе си речете: што по ѓаволите – едно стакло. Па, да, но прашањето не е за скршеното стакло, туку за ставот. Обично сакате да го скршите стаклото на оној што не го сакате, или едноставно го мразите.
Пред многу години бев во Скопјe и никогаш нема да заборавам како стапнав кога видов пред Бугарската амбасада, на спротивниот ѕид, огромен натпис со големи црни букви: „Бугари умрете“. Ништо не се променило од тогаш. Раскажани се многу приказни, направени се многу обиди, и тоа е тоа. „Бугари умрете“ стои и Македонците не се во можност да го избришат.
Па, добро. Ако не сакате – во ред. Мудриот бугарски народ има соодветна поговорка: „Не можеш да направиш убавина со сила“. Ако не сакате, ќе останете во Северна Македонија, ќе ги гледате глупавите, одвратни црни написи, ќе кршите некое стакло од време на време, тајно ќе сонувате дека имате бугарски пасоши, ќе доаѓате на Сончев Брег по море ако е можно, ќе ги праќате вашите деца да студираат во Бугарија и ќе ја гледате Европската Унија низ искривена макарона. Бидејќи, објективно кажано, токму тоа го заслужувате.Не успеав да кажам дека во ова време ќе продолжам со големо задоволство да пеам бугарски народни песни од Пиринскиот крај“, напиша трифонов на социјалните мрежи.
Вчера и од бугарската Фондација Македонија, која единствено што прави е што дава пари на тие што сакаат да станат Бугари во регионот, се жалеа дена двајца нивни членови биле спречени да влезат во Македонија и да присуствуваат на одавање почит на Мара Бунева, „само затоа“ што носеле постер на кој пишувало „Бугарската крвава коледа“, настан од историјата во 1945 година во кој како што тврдат биде убиени илјадници луѓе што се изјаснувале како Бугари во Македонија, кој овде никој не го признава дека се случил тогаш и во таков обем.


