Три активни пожари – сѐ уште гори кај Јасен, Струга и Могила

Во моментов (до 12:00 часот) низ земјава се регистрирани вкупно 7 пожари на отворен простор од кои:

Активни: 3

Под контрола: 1

Изгаснати: 3

АКТИВНИ ПОЖАРИ:

Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје „Јасен“ (мешана шума)

Општина Струга – Октишка краста (ниска вегетација)

Општина Могила – атар на с. Могила (ниска вегетација)

ПОД КОНТРОЛА:

Општина Сарај – с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)

ИЗГАСНАТИ:

Општина Кичево – с. Челопеци (нискостеблеста шума)

Општина Македонски Брод – с. Крапа (нискостеблеста вегетација)

Општина Крива Паланка – атар на с. Нерав, место викано „Биљино“ (ниска вегетација и шума)

Пронајдете не на следниве мрежи: