Три главни причини зошто изневеруваат луѓето кои се во среќни врски

Прељубата не им се случува само на паровите кои се несреќни. На некои луѓе, едноставно не им е потребна причина за изневерување, а некои се обидуваат така да ги решат сопствените проблеми. Ова се трите причини зошто луѓето ги изневеруваат своите партнери, но ниеден од нив не е оправдување за неверство.
Едноставно, склони се кон неверство
Стручњаците за врски Олга Леванцука и Гери Амерс ги имаат дефинирано особините на луѓето кои изневеруваат, без разлика дали се во среќна врска или не. Овие особини се: лакомост, склоност кон флертување, егоизам, лажливост, несигурност и верувале или не – недоверба во партнерот.


Импулсивни се
Луѓето кои се склони кон донесување на ненадејни одлуки во својот живот, често се импулсивни кога е во прашање сексот. Оваа импулсивност е посебно изразена под влијание на алкохол, па кога ќе им се укаже можност, склони се да го изневерат партнерот апсолутно не размислувајќи за последиците.
Жалат за пропуштените прилики
Луѓето кои се чувствуваат како да не ја проживеале во целост својата младост, се склони кон неверство, дури и кога се во среќна врска, бидејќи жалат за пропуштените прилики и се обидуваат да ги надоместат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.