Три земјотреси ја стресоа Македонија!

Три земјотреси вчера ја стресоа Македонија.
Првиот беше во 20 часот и 40 минути, на подрачјето Тетово-Гостивар со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.
–Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда од 3,0 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
По нецели два часа по првиот, стресоа уште два земјотреси од 4,7 и 4,4 степени.
Земјотресот со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистиран во 22:17 часот во реонот на Гостивар.
Според Европско-медитеранскиот сезимолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.