четврток, 12 ноември 2026
Најново

Три лица во Гостивар се лишени од слобода поради дрога, оружје и муниција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за внатрешни работи објавува дека 3 лица од Гостивар се лишени од слобода, јавува ТВ21. Како што објави Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода А.Р. (23), З.А. (22) и Н.С. (24), сите од Гостивар.

Целосно соопштение од Министерството за внатрешни работи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На 13.02.2026 година, во хотелски објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Р. (23), З.А. (22) и Н.С. (24), сите од Гостивар. При претресот кај А.Р. пронајдени се осум пакувања со бела прашкаста материја, додека кај З.А. пронајдено е едно пакување со бела прашкаста материја.

Потоа, со судска наредба, извршен е претрес во куќата на А.Р., каде што се пронајдени и запленети пиштол „Берета“ калибар 22 мм, пушка-карабина „Застава“ калибар 8,57, шаржер и вкупно 191 патрона од различен калибар, за кои тој не поседувал дозвола.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани вести