Три навидум безопасни навики кои можат да ве направат депресивни

Сѐ почесто се појавуваат алармантни резултати од истражувања кои откриваат дека депресијата станува многу распространета болест.
Причинителите на болеста се сложени и секако се тема чија обработка бара стручно мислење, но постојат и секојдневни работи кои можат (незабележано) да го загрозат психичкото здравје.
Првенствено, некои секојдневни навики кои изгледаат навидум безопасно, го зголемуваат ризикот од појава на депресивна состојба.
1. (Погрешно) користење на социјалните мрежи
Едно од најспорните прашања на денешницата е како точно влијаат Фејсбук и другите социјални мрежи на нашата психа. Имено, резултатите од истражувањата неретко се контрадикторни, но во едно се сложни – сѐ зависи од тоа како се користат социјалните мрежи. Имено, едно истражување на универзитетот Мисури дошло до следните резултати: повременото користење на социјалните мрежи нема негативни последици, но зависта и негативноста во објавите можат да го поттикнат развојот на депресијата.


2. Дружење со песимистични луѓе
За да се потврди тој ефект, доволно е да се направи мал експеримент кој започнува со следното прашање: дали би биле расположени доколку вашата пријателка ја прекине долгогодишната врска со партнерот и има катастрофално песимистична перспектива кон целиот свет? Претпоставуваме дека нема да бидете. Од друга страна, не е во ред да ја оставите вашата пријателка сама со нејзините проблеми. Проблем во вашиот живот се луѓето чие “црно расположение” трае и трае и речиси станува хроничен животен став. Кај личноста која е често опкружена со песимистични луѓе постои ризик од појава на депресија.3. Земање на контрацептивни таблети
Истражувањата покажуваат дека кај жените кои земаат контрацептивни таблети постои 40 отсто поголем ризик за појава на депресивна состојба. Критичната фаза е во првите шест месеци од почетокот на земањето, а процентот кај младите девојки на возраст од 15 до 19 години е дури 80 отсто. Но, експертите тврдат дека сепак нема место за паника – депресијата е можна нуспојава, но е многу ретка и гинекологот треба да го навести тоа како една од можните нуспојави при советување со пациентките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.