Три начини на кои може да се заразите со мајмунски сипаници

Најчестите начини за зараза со мајмунски сипаници:

  • низ големи респираторни капки
  • директен контакт со телесни течности или лезии
  • контакт со контаминирана облека или постелнина
    Од Центарот предупредија дека секој може да добие мајмунски сипаници, болест која глобално се шири меѓу хомосексуалците и бисексуалните мажи. Но, мајмунските сипаници не се полово пренослива болест.
    „Секој може да пренесе мајмунски сипаници во контакт со телесна течност, рани или респираторни капки кога е во близина на заразен“, вели д-р Џон Брукс, главен медицински службеник од Одделението за превенција на ХИВ/СИДА во Центарот .
    Општиот ризик од зараза со мајмунски сипаници е низок.
    Кои се симптомите?
    Кај луѓето заразено со мајмунски сипаници може да се развие отекување на лимфните јазли, главоболка, исцрпеност, болки во мускулите и температура. Еден од карактеристичните знаци на зараза е осип по лицеот или телото кои се претвораат во испакнати акни кои стануваат меурчиња пишува Ит Дис.
    Заболените се најмногу заразни додека имаат осип. Болеста може да трае две до четири недели, а повеќето закрепнуваат без лекување.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.