Здравствените власти објавија дека шестмесечно дете и неговите родители се убиени во нападот врз бегалскиот камп Нусеират , според медицински работници, пренесува Ројтерс.
Нападите во Појасот Газа не престанаа и покрај прекинот на огнот, кој Израел и милитантното палестинско движење Хамас го постигнаа со посредство на Соединетите Американски Држави (САД) во октомври минатата година.
Локалните власти тврдат дека околу 880 Палестинци се убиени од прекинот на огнот во Газа, додека израелската армија наведува дека четворица нејзини војници се убиени во истиот период.
The post Трочлено семејство загина во израелски напад врз бегалски камп во Газа – Родителите и нивното шестмесечно БЕБЕ! appeared first on Во Центар.



