Трошка надеж за Шумахер, откриено е во каква состојба е сега

Жан Тод им даде на навивачите на Михаел Шумахер трошка надеж дека легендата на Формула 1 порано или подоцна ќе се опорави.
-Го видов Мајкл минатата недела. Тој се бори, изјави поранешниот шеф на Ферари за новинската агенција „ПА“.
Тод е еден од ретките луѓе што Корина Шумахер дозволува да се приближи на нејзиниот сопруг. Семејството сака борбата на Михаел Шумахер да остане што е можно подалеку од центарот на вниманието.
-Она што можам да го сторам е да останам близу до нив и да им помагам кога ќе им требам, изјави поранешниот шеф на Ферари.
Тој последен пат зборуваше за Шумахер во јули, кога за медиумите изјави дека се надева дека „светот ќе има можност повторно да го види Михаел“.
-На тоа се стремат тој и неговото семејство, рече Тод.
Водечки неврохирург претходно оваа година изјави дека Германецот „многу се сменил“ откако претрпе сериозна повреда на мозокот. Тој, наводно, бил подложен на терапија со матични клетки во Париз во 2019 година и продолжува да се лекува дома.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.