На меѓународниот пливачки маратон „2025 International Swimming Marathon”, што се одржа на 27 јули во Батлава езеро во Косово, тројцата шампиони, членови на пливачкиот клуб Вардар 2018 блескаа и донесоа голема победа дома.
Петар Цеков (2008) освои прво место во апсолутна категорија на 5 километри. П. Цеков доминираше во трката, победувајќи ги сите сениори и покажа светска класа.
Никола Велковски (2010) беше првопласиран на 2.5 км (категорија 2007–2010). Иако најмлад во групата, Велковски исплива фантастична трка и со храброст и техника стигна прв на целта.
Влатко Цеков (2012) освои прво место на 2.5 км (категорија 2011 и помлади). В. Цеков, со само 12 години, покажува дека иднината на македонското пливање е светла – победа со стил и сигурност.



