Тројца државјани на Бангладеш, кои работеле во приватна фирма во Тетово и имале регулиран престој во земјава, се оддалечиле во непознат правец, било пријавено во Полициската станица Тетово.
Случајот бил пријавен на 16 мај во 12:20 часот од лице од тетовското село Доброште. Според пријавата, кога истиот ден отишол да ги земе работниците за да ги превезе до работните места, забележал дека тие си заминале без да ги известат одговорните во фирмата.
Од полицијата се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. Засега нема објавени дополнителни информации за причините поради кои тие ја напуштиле локацијата.



