четврток, 12 ноември 2026
Најново

Тројца повредени во сообраќајка близу с.Никиштани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 11:40 часот на крстосницата од ул.„Јадранска магистрала“ и локален пат за с.Никиштани.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(21) од Скопје и патничко возило „Шевролет лачети“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.О.(20) од с.Никиштани.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Х.(20), сопатничка од возилото „голф“ и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле А.О. и сопатничка од истото возило О.Х.(45) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести