Тројца полицајци загинаа и 18 се ранети во напад во Пакистан

Бомбаш самоубиец во вторникот крена во воздух полициски минибус во градот Бану во северозападната пакистанска провинција Кибер-Пахтунхва, при што загинаа тројца полицајци а ранети со 18, јави локалната телевизија Geo News.Експлозијата била предизвикана на територијата на полициската станица во Садар. Минибусот бил целосно уништен. Според телевизија по експлозијата на местото од нападот започнала престрелка.Многу возила на итната медицинска служба и дополнителни полициски сили се испратени на местото од терористичкиот напад.Во провинцијата Кибер-Патунхва, којашто граничи со племенската паштунска област, дејствуваат повеќе радикални исламистички групи, од коишто најмоќната е „Техрик Талибани-и- Пакистан“ (TTP – Двиежње на талибаните во Пакистан).  Во оваа област речиси секојдневни се терористичките акти и нападите врз припадниците на полицијата и армијата. Така, во почетокот на февруари при напад на контролен пункт во Кибер-Пахтунхва загинаа повеќе од 30 војници цивили.Покрај тоа, од почеток на јануари TTP започна борба против групацијата „Ансар ал-Ислам”, којашто ја поддржува владата во Исламабад, заземајќи неколку нејзини бази. Во овие борби загинаа најмалку 80 луѓе.
МакфаксБомбаш самоубиец во вторникот крена во воздух полициски минибус во градот Бану во северозападната пакистанска пр

Пронајдете не на следниве мрежи: