петок, 27 ноември 2026
Најново

Тројца убиени во нов израелски напад на север од Појасот Газа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Три лица се убиени во нов израелски напад врз градот Газа, соопшти денес Цивилната заштита на Појасот Газа.

„Неколку ранети беа евакуирани по окупацискиот напад насочен кон цивилно возило во близина на раскрсницата Ал-Абас во округот Ал-Римал во западниот дел на градот Газа“, изјави портпаролот на Цивилната заштита, организација предводена од милитантното палестинско движење Хамас.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според локалните власти, неколку десетици луѓе се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од среда, 19 ноември.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот за прекин на огнот, кој е во сила од 10 октомври.

Поврзани вести