четврток, 12 ноември 2026
Најново

Туристите во Црна Гора се жалат на вирус и шуга, властите молчат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Голем број на деца биле донесени на лекарски преглед поради проблеми со стомакот, додека возрасните воглавно имаат проблем со кожни заболувања, велат туристи кои деновиве летуваат на црногорското приморје, пренесува „Блиц“.
Според порталот, засега нема официјална потврда за епидемија на стомачен вирус, ниту пак некаква реакција од надлежните органи. Како што неофицијално дознаваат, меѓу туристите имало и случаи кои покрај стомачни проблеми, се пожалиле и на шуга.


Детето цела ноќ повраќаше, а ги има и сите останати симптоми на стомачен вирус, а како што чувме од останатите туристи, не е единствено, вели читателка која со семејството летува во Црна Гора.Локалните жители и посетителите, вината за стомачните проблеми ја гледаат во изливањето на фекалии директно во морето, но властите на Црна Гора тврдат дека водата е со највисок квалитет.

Поврзани вести