четврток, 12 ноември 2026
Најново

Турист бил толку пијан што наместо во хотел отишол на врвот на Алпите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Турист од Естонија многу се напил во текот на една вечер за време на својот престој на италијанските Алпи, па наместо да се врати во својот хотел, завршил на врвот на планината.

Естонецот Павел (30) по цела ноќ пиење, се упатил кон својот хотел, но по тој пат свртел во погрешна насока. Така, тој завршил во близина на врвот на планината, и тоа меѓу 2 и 3 часот наутро.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Додека се искачувал кон врвот, го забележал ресторанот „Игло“, кој се наоѓал на 2.400 метри надморска височина. Притоа тој насила влегол во објектот и таму ја минал ноќта. Утрото персоналот на ресторанот го пронашол со испиени две шишиња вода, кои биле покрај него.

Полицијата организирала потрага по туристот, во која биле вклучени и беспилотни летала, а кога го пронашле, му била изречена казна за провала во објект, но, сепак, тој нема да биде осуден.

Поврзани вести