Турист напишал негативна препорака во хотел во Тајланд, сега му се заканува затвор

Американецот Весли Барнс, кој што работи на Тајланд е уапсен поради наводно нанесување штета на угледното одмаралиште „Си Вју“ на островот Кох Чанг.
Господин Барн напишал критики кои ги објавил на повеќе интернет сајтови посветени на туризмот, во кои трвди дека имал работа со „непријателска личност“ која се „однесувал како да не сака никој тука“ во текот на неодамнешната посета во популарното одмаралиште.
Според британскиот Телеграф, коментарите на туристот Весли Барнс во кој го обвинува хотелот за „модерно ропство“ се тргнати од Трип Адвајсор.


-Сопственикот на одмаралиштето „Си Вју“ поднел жалба во која навел дека господинот Барн неоправдано објавил критики за хотелот на веб локацијата Трип Адвајсор, соопштил полковник на полицијата во Кох Чанга.
Од хотелот изјавиле дека против поранешниот гостин превземале законски мерки за да би се спречиле понатамошни додатни негативни критики:
-Одлучивме да поднесеме жалба против Весли Барнс и неговата критика упатена до хотелот, бидејќи сфативме дека во догледно време може повторно да продолжи да пишува негативни критики.
Во додатната изјава е објаснето дека туристот Весл Барнс не се тужи за „само една лоша критика“, туку за измислена приказна:
-Во своите негативни критики на Трип Адвајсор и на Гугл напушал измислени приказни кои вклучувале ксенофобични конатации, обвиненија за ропство, па дури и коментари во кои читателите би можеле да го поврзат летовалиштето со корона вирусот.
Покрај нељубезните критики, Барнс исто така е обвинет поради расправија со персонал од хотелот, затоа што сакал да донесе своја боца вино додека вечерак во хотелскиот ресторан. Дошло до „жешка“ расправија па морало да интервенира и хотелскиот менаџер.
Бил приведен и вратен на Кох Чанг, каде што бил кратко задржан пред да биде пуштен со кауција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.