Турската инфлуенсерка Ајшеѓул Ераслан беше пронајдена мртва во својот дом. Имаше 27 години. Локалниот медиум „Созџа“ објави дека членовите на нејзиното семејство повикале полиција откако таа не им ја отворила вратата.
Таа беше пронајдена мртва откако се врати од патување во Египет. Надзорните камери го фатија актерот Сунај Куртулуш како влегува во нејзиниот стан еден час пред нејзината смрт.
Тој тврди дека бил на кратка посета, по што го напуштил станот. Неговите адвокати изјавија дека полицијата го испрашувала како дел од истрагата. Тие додадоа дека тој соработувал со полицијата од самиот почеток и им ги дал сите потребни изјави и дека не бил во нејзиниот дом кога таа починала.
„Длабоко сме ожалостени од смртта на Ајшеѓул Ераслан. Се молиме за Божја милост врз неа и изразуваме сочувство до нејзиното семејство, роднините и најблиските“, напишаа тие во соопштение.
Ајшеѓул Ераслан стана позната по учеството на турската модна ревија „İste Benim Stilim“, што во превод значи „Ова е мојот стил“.
The post Турска инфлуенсерка пронајдена мртва: Актер снимен како влегува во нејзиниот стан еден час пред нејзината смрт appeared first on Во Центар.



