Во вторникот починал 61-годишен турски државјанин откако бил донесен со тешки телесни повреди во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од МВР информираат дека случајот бил пријавен околу 16:40 часот во вторникот. Повредениот М.А.О. бил донесен со приватно возило, а лицето кое го превезувало веднаш потоа го напуштило местото и исчезнало.
И покрај обидите за укажување лекарска помош, мажот околу 19:30 часот им подлегнал на повредите.
Лекарите констатирале смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.



