четврток, 12 ноември 2026
Најново

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа со шест реактори

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за разбирање со турската државна нуклеарна компанија „Туркије Нуклеер Енерџи“ за изработка на физибилити-студија за проширување на турската нуклеарна енергетска програма.

Турската компанија планира изградба на втора нуклеарна централа во Синоп, на брегот на Црното Море, а „АткинсРеалис“ предлага поставување шест реактори од типот „Enhanced Candu 6“ со вкупна инсталирана моќност од 4.500 мегавати.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Меморандумот беше потпишан на климатскиот самит „КОП31“ во Анталија, а предвидено е студијата за изводливост да биде завршена до крајот на 2027 година.

Турција преговара со Канада и Јужна Кореја за нови нуклеарни проекти, а планира изградба на уште две централи, покрај првата што во моментов ја гради руската компанија „Росатом“.

Јужна Кореја минатата недела потпиша меморандуми за разбирање со Турција за соработка во енергетскиот сектор и финансирање нуклеарни проекти, додека Анкара преговара и со Кина и Русија за изградба на идни нуклеарни постројки. 

Поврзани вести