Туск избран за претседател на ЕПП

Претседателот во заминување на Европскиот совет Доналд Туск е новиот претседател на Европската народна партија (ЕПП). Така одлучија синоќа во Загреб претставниците на тие партии на кои Туск им вети дека ќе се бори против популистите.
За Туск гласаа 491 пратеник, а против 37, на Конгресот на алијансата на европските демохристијански партии.


Првиот лидер на Централна и Источна Европа на ЕПП ќе го замени Французинот Жозеф Дол, кој ја предводи партијата од крајот на 2013 година.
Туск (62) беше единствениот кандидат за нов лидер на европската партија на десен центар и најсилната група во Европскиот парламент.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.