ТФТ со убедлива игра успеа да ги разреши сите нејасноти околу позицијата што ја заземаат на турнирската листа пред стартот на плејофите, откако со резултатот 79-67 го совладаа Пелистер пред своите навивачи. Зек Браун беше клучниот играч на мечот со остварени 23 поени и 7 скока, додека Зафиров придонесе со 12 поени и 9 скока. Од страна на Пелистер, Антоан и Стајиќ, секој со по 14 поени, беа предводници на тимот, кој ќе се бори во четвртфиналето против победникот од средбата што ќе се одигра утре меѓу Работнички и Кожув.
Пронајдете не на следниве мрежи: