Утринава во српскиот град Земун било пронајдено напуштено бебе оставено покрај контејнер. Тоа било завиткано во пешкир и врзано во најлонска кеса.
Детето го забележала жена која минувала на местото и веднаш повикала брза помош, чија екипа пристигнала на местото на настанот и го префрлила новороденчето во породилиштето во Земун.
Според информациите, бебето е добра здравствена состојба, но ќе биде подложено на дополнителни медицински прегледи.
Попладнето, српската полиција соопшти дека е уапсена 19-годишната мајка на бебето, кое било старо само седум дена. Таа ќе биде обвинета за обид за тешко убиство, пренесуваат српските медиуми.



