МВР информира дека рано утринава во 01:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Б.М.(52) од с. Горобинци, светиниколско. При сообраќајна контрола на ул. „Крсте Мисирков“ во Свети Николе е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,97 промили алкохол во крвта.
Два часа подоцна, во 03:50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.А.(50) од Битола.
При сообраќајна контрола на ул. „Солунска“ во Битола е сопрено патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.



